Едно лице е убиено, а друго е рането во пукотници и експлозии во северен Минхен, каде што од раните утрински часови се води голема полициска и противпожарна операција, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, објави „Билд“, а на местото на настанот се наоѓаат специјални единици и експерти за деактивирање бомби.
Пронајдено е тело на маж. Според „Билд“, мажот веројатно поставил експлозиви во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.
Најмалку едно лице е пронајдено и со прострелни рани.
Полицијата огради голема површина и ги повика жителите и возачите да ја избегнуваат областа.
Сведоци известуваат дека огромен облак од чад може да се види од голема далечина, додека околностите на нападот сè уште се нејасни.
„Во моментов нема опасност за јавноста. Исто така, случајот нема никаква врска со Октоберфест“, соопшти полицијата.