ОПШТИНА БИТОЛА НА НОЗЕ: Излеан е „Курделес“, најкритично кај Железничка – мобилизирани сите јавни претпријатија

По обилните врнежи од дожд кои вечерва предизвикаа поплави и хаос во Битола, Општината официјално информираше дека е започната голема акција за санирање на штетите. Сите расположливи екипи на јавните претпријатија се на терен.

Од Општината потврдуваат дека каналот на реката „Курделес“ е излеан, што ја прави состојбата најкритична во тој дел од градот.

Се вчитува...

Каде е најкритично?

Според информациите од локалната самоуправа, жариштата во моментов се:

  • Кај стариот „Прогрес“: Поради излевањето на „Курделес“, сотежнат е сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) на потегот кон Железничката станица.
  • Населба „Боримечка“: Интервенции се вршат на улицата „Солунска“.
  • Лавчански пат и населба „Стрчин“.

Мобилизација: Се бранат и селата

Со оглед на најавите дека врнежите ќе продолжат, Општина Битола ги мобилизираше сите ресурси. Покрај екипите на КЈП „Нискоградба“, вклучени се и екипи од „Битолско поле“, „Водовод“ и „Стрежево“.

Акцијата се проширува и надвор од градското подрачје. Во текот на ноќта ќе се интервенира во:

  • Кравари;
  • Канино;
  • Лера;
  • Горно Српци;
  • Критичните точки по течението на Црна Река.

Екипите остануваат на терен во текот на целата ноќ за да се спречат поголеми штети.