Македонија

Општина Могила доби спортска теретана на отворено

Општина Могила доби спортска теретана на отворено

Општина Могила доби спортска теретана на отворено, објави градоначалникот Драганчо Саботковски.

„Проектот за изградба на фитнес центар на отворено е реализиран. Врз основа на претходно потпишан Меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во Пелагонискиот регион помеѓу Про локал и општините: Могила, Новаци, Крушево, Ресен, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани, во соработка со Здружението за унапредување на демократските процеси Про Локал од Битола, се реализира проект кој финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку Програмата МАТРА“, пишува Саботковски.

Целта на оваа соработка е преку имплементација на проектот „ Зајакнување на луѓето во Пелагонија“ активно учество на младите луѓе од руралните средини и зајакнување на демократските процеси на локално и регионално ниво.

Вкупниот износ на спортската теретана на отворено 260.836,00 денари од кои 2000 евра од Здружението Пролокал и донаторот Холандска Амбасада а остатокот од сумата е обезбеден од буџетот на Општина Могила со одлука на Совет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни