Во Могила, Добрушево и за првпат во село Долно Српци профункционираа центрите за ран детски развој, каде децата од предучилишна возраст се дружат и учат.
Градоначалникот Драганчо Саботковски на својот Фејсбук профил посочи дека набавиле училишен прибор за центрите за ран детски развој во општината.
„Набавивме училишен прибор за нормално функционирање и изведување на програмата. Им посакавме многу успех и детски насмевки“, напиша Саботковски.