Македонија

Општината не дозволува албанска паралелка – Адеми: Одлуката е срамна и шовинистичка

Одговорот кој Општина Гази Баба им го даде на жителите на Идризово во однос на нивното барање за отворање на албанска паралелка во ОУ„Његош“ е дека – за да се отвори паралелка потребна е група од 20 ученици. Во соопштението пишува дека проблемот е решен со тоа што е обезбеден превоз на учениците до селото Огњанци, каде има албанска паралелка.

-На вашето барање е посветено внимание, но сепак законските ограничувања оневозможуваат во учебната 2019/2020 да се отвори нова паралелка во Основното општинско училиште „Његош“, во селото Јурумлери, каде наставата би се одвивала на албански јазик-велат од Општина Гази Баба. 

Остра реакција уследи од министерот за образование, Арбр Адеми, кој одлуката ја нарече срамна. Вели дека ваквиот одговор на училиштето сведочи за национализам и шовинизам.

-Одговорот на градоначалникот на општината е бесмислен. Ова е срамен одговор, кој првенствено го посрамотува него, а потоа и општината како целина. Поднесувањето барање по почетокот на учебната година не е причина за општината да не реагира. Нема никакви законски ограничувања за отворање на паралелката, нема никакви пречки, ниту процедурални , ниту кадровски, ниту пак, инфраструктурни. Овој одговор покажува дека во моментов национализмот, етноцентризмот и шовинизмот се „заспани“и очекуваат да експлодираат доколку не ги третираме во одреден момент. Според мене, овој одговор на градоначалникот е целосно несовесен и несериозен-рече Адеми.

ТВ21 контактираше и со пратеникот од зоната, Мухамед Зекири. Вели дека е во постојан контакт и со жителите и со градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, но за да се изнајде решение ќе треба да се почека премиерот Зоран Заев да се врати од Њујорк.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни