Продолжуваат инвестициите за подобрување на управувањето со отпадот и борбата против загадувањето на воздухот, соопшти министерот за животна средина, Мухамед Хоџа. Според него, во изминатите две години веќе се започнати 300 инфраструктурни проекти.
Општините веќе ја добија најважната механизација и комунална опрема, а паралелно се подготвуваат постапките за изградба на регионални центри за отпад и претоварни станици.
„Се подготвува документацијата за јавните повици за центрите во Русино и Новаци, додека центарот во Свети Николе е во завршна фаза и наскоро ќе започне со изградба“, изјави Хоџа.
Како клучна мерка против аерозагадувањето, министерот го посочи новиот Закон за контрола на индустриските емисии, кој стапува на сила во септември 2027 година. Со него се воведуваат построги стандарди и поголема одговорност за индустрискиот сектор, а Министерството веќе интензивно работи на создавање услови за негово ефикасно спроведување.