Сметките за престој во хотели со 5 ѕвезди предизвикаа досието на поранешниот министер Арбен Ахметај да заврши во Специјалното судство за криминал во Тирана, објави Ора Њуз, пренесува 4NEWS.mk
Сомнежите се дека со кредитната картичка на Клодијан Зото биле резервирани хотели со пет ѕвезди во повеќе европски земји, чија вредност се движи од 2.000 до 3.500 евра за ноќ.
Медиумите Ора Њуз пишува дека сличен случај имало и во Македонија.
Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, наводно престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на хотелот „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул.
За тоа, како што пишува медиумот, сведочи видеото направено од г. Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој има простор од 850 метри.
На видеото јасно се гледало дека заменик министерот го снима ентериерите на луксузниот апартман.
Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки.
„Едноставно пребарување на Booking ни покажа дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20 илјади евра“, пишува Ора Њуз, пренесува 4NEWS.mk
Телевизијата најавува продолжување на истрагата, во меѓувреме ги поставува прашањата:
Дали Буши платил 20 илјади евра, а зема плата 1.500 евра?
Дали резервацијата ја направил самиот заменик министер или пак турски државјанин.
Со кој бил Буши во Истанбул во 2020 година и за која цел?
https://youtu.be/ITn68iJt6Y0