Орбан: Конфликтот во Украина наскоро ќе заврши

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека украинскиот конфликт би можел да заврши во блиска иднина и дека смета дека „ние сме многу блиску до мир“.

Во интервју за германската медиумска група „Аксел Спрингер“, Орбан рече дека колективниот Запад мора да развие единствен став за постигнување мир, бидејќи во моментов нема консензус меѓу западните земји за украинското прашање.

Додека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, промовира мировни иницијативи, Европа се залага за продолжување на војната со цел да се обиде да добие поповолна преговарачка позиција, истакна Орбан.