Орбан: Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан преку објава на платформата Икс изрази длабоки сочувства до премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, и до македонскиот народ по трагичниот пожар што избувна вчера во Диско клубот Пулс во Кочани. Орбан упати мисли и молитви до семејствата на жртвите, покажувајќи солидарност во овој тежок момент.

Виктор Орбан, во својата објава на Икс, ја истакна својата тага за несреќата.

„Сакам да изразам моите најдлабоки сочувства до премиерот Христијан Мицкоски и до македонскиот народ поради трагичниот пожар што се случи вчера во Кочани. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите“, напиша Орбан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното