Орбан: Подготвени сме за планираната средба меѓу Трамп и Путин во Будимпешта

Унгарија е подготвена за планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, објави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Планираната средба е одлична вест за сите мирољубиви луѓе во светот. Ние сме подготвени“, напиша Орбан на својот профил на X network.

Порано денес, за време на телефонски разговор, Трамп и Путин се договорија за средба на високо ниво на нивните делегации, по што двајцата треба да се сретнат во Будимпешта.