Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска по средбата со словачкиот колега Роберт Фицо изјави дека влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред, бидејќи, како што истакна, влезот на Киев во Алијансата би значел отворена војна против Русија.
Исто така, Орбан рече дека брзиот пристап на Украина во Европската унија ќе ја уништи унгарската економија.
Како што пренесува словачкиот веб-сајт Ма7, Орбан нагласил дека нема одговор Украина да влезе во ЕУ, додавајќи дека Киев мора да покаже почит.
Словачкиот премиер Роберт Фицо истакна дека со Орбан разговарал за ситуацијата во ЕУ, Доналд Трамп, миграцијата и семејните прашања, велејќи дека во словачкиот устав има само два пола: машки и женски.
– Со Орбан имав спонтан, пријателски и содржински богат разговор. Драго ми е што квалитетот на словачко-унгарските односи во моментов е на највисоко можно ниво, унгарско-словачкиот соживот не е политичко прашање. Се согласуваме, не само за случувањата во нашите земји, туку и на меѓународната сцена. Наш избор се ЕУ и НАТО, но имаме право да бидеме критични, рече Фицо.