Орбан: Војната во Украина ќе беше завршена доколку Брисел не ја попречеше мировната мисија на Трамп

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија нема да војува и да умре за Украина и дека војната ќе завршеше доколку Брисел не се мешаше во мировната мисија на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сега сме силна, суверена нација која има достоинство, која се штити себеси и ја штити својата иднина – без оглед на тоа колку пати предавниците извикуваа „Слава на Украина“. Нашиот одговор ќе биде само: „Слава на Унгарија““, рече Орбан, обраќајќи се пред голем број поддржувачи на Маршот на мирот на плоштадот Кошут во Будимпешта, по повод денот на почетокот на националното востание против комунистичката власт во 1956 година, објави унгарски „Немзет“.

Тој рече дека Унгарците сакаат мир и сакаат живот.