Орбан: Западот не е обединет по прашањето за Украина

Западот не е обединет по прашањето за Украина, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, додавајќи дека само владите на САД и Унгарија се залагаат за мир.

Орбан ги поздрави мировните напори на Трамп, додавајќи дека Брисел и Европската Унија, сепак, веруваат дека Украина може да победи на фронтот, објави агенцијата МТИ.

Одговарајќи на новинарско прашање, унгарскиот премиер рече дека процентот на нелегални мигранти во таа земја е нула, благодарение на „кристално јасниот систем“ според кој тие мора да побараат право на влез во Унгарија.