Османи и Адеми на посета кај семејството на Крешник Бектеши за Рамазан Бајрам: Тој е лажно обвинет и уште по неправедно одвоен од своето семејство

За Рамазан Бајрам денеска поранешниот министер за здравство, Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбен Адеми го посетија семејството на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши кој е во притвор поради лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која избувна пожар.

Османи на својот Фејсбук профил напиша Крешник е силен, храбар и пред се праведен човек – затоа очекуваме многу брзо да се врати кај нас.

„Бајрам е свет празник кој симболизира милост, единство, поддршка, великодушност и благодарност. Денес е вистинскиот ден да покажеме дека не само Крешник, туку целото семејство Бектеши ја има нашата поддршка. Не само затоа што е вистински пријател, не само затоа што е дел од нашите семејства, туку затоа што е лажно обвинет и уште по неправедно одвоен од своето семејство. Крешник е силен, храбар и пред се праведен човек – затоа очекуваме многу брзо да се врати кај нас!“ – вели Османи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното