Breaking Бендот „Тотсакан“ загуби 3 члена во пожарот во клубот во Бангкок
Македонија

Османи: Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси

Османи: Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција посочи дека Македонија еден ден ќе стане членка на Европската Унија, но со заштитени државни и национални интереси.

„Прашањето на успех е релативно, зависи што значи успех, дали е заштита на интересите на државата, државните позиции е успех или нешто друго. Ние не го квалификуваме ова прашање како црно-бело прашање на успех и неуспех. Ова е наша безалтернативна борба за да станеме членка на ЕУ притоа запазувајќи ги државните интереси и интересите на граѓаните. Нема да правиме компромис по ниту едното, ниту другото прашање. Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси“, порача Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни