Како што соопшти кабинетот на Османи, таа на средбата со Манч нагласила дека косовските институции остануваат посветени на соработката со НАТО и КФОР против ризиците по безбедноста, како и за придонесување за зачувувањето на мирот и безбедноста на целата косовска територија.
„Претседателката Османи го запозна адмиралот Манч дека Безбедносните сили на Косово (ФСК) се во транзиција и професионално се развиваат согласно стандардите на НАТО. Претседателката Османи нагласи дека ФСК му овозможува на Косово да биде активен придонесувач во рамките на регионалната и глобалната безбедност“, се наведува во соопштението.
Косовската претседателка го повтори ставот дека Косово е целосно на линија со санкциите на Европската унија и САД против Русија.
Адмиралот Манч денеска ќе ја води церемонијата на примопредавање на командата на мисијата на НАТО во Косово – КФОР, при што унгарскиот генерал Ференц Кајари ќе му ја предаде должноста на новиот командант, италијанскиот генерал-мајор Ангел Микел Растуќи.
