Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање истакна дека во оваа изборна кампања клучна е суштинската дебата и соочувањето на понудите пред граѓаните.
„Јас мислам дека во изборната кампања е поважна дебатата и соочувањето на понудите. Ние не сме исти. Имаме разлики по сите прашања“, изјави Османи, нагласувајќи дека единството треба да се темели на заедничка заштита на клучните национални постулати.
Тој ја повтори својата порака до противкандидатот Изет Меџити, потенцирајќи дека има јасни разлики во пристапот и во принципите.
„Г-н Меџити самиот го знае тоа, имам кажано, ние имаме разлики по сите точки. Не го допирајте јазикот, не го допирајте Балансерот, не го допирајте Охридскиот Договор. Овие се прашањата за кои треба да се обединиме“, рече Османи.
Тој додаде дека единството мора да произлегува од заедничка грижа за правата и достоинството на Албанците.
„Се додека нема обединување за нашите стратешки прашања, се додека секој ден Албанците се бркаат од работа, се додека се претвораат во нула на секој конкурс, не можам да бидам рамнодушен на тоа“, нагласи Османи.
Тој остро реагираше на состојбата во која се наоѓа Општина Чаир, која, според него, е резултат на корупција и недостиг на ред и визија во изминатите 20 години. Османи порача дека вистинското соочување ќе се случи на 19 октомври, кога граѓаните ќе ја направат својата изборна проценка.