Македонија

Османи, Рау и Линде на средба со Кулеба на полско-украинската граница

Османи, Рау и Линде на средба со Кулеба на полско-украинската граница
Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау и на Шведска, Ан Линде денеска ќе отпатуваат на полско-украинската граница.
Како што информира Министерството за надворешни работи, за време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.
– Посетата на тројцата министри е во насока на поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и за заштитата на основните човекови права на украинските граѓани.  Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, ќе се разгледаат можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната, се наведува во соопштението од МНР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни