Вицепремиерот Бујар Османи ќе поднесе кривична пријава против Алијанса за Албанците за клевети и уривање на интегритетот. Ова го објави самиот Османи кој рече дека рокот од 24 часа за извинување поминал. Тој рече дека овие случаи ги креираат партиите во недостиг на проекти и програми за да бидат конкурентни.
„Прашав за вчерашниот случај, сакам првично да кажам дека контекстот на разговорот е погрешно интерпретиран, а и моето име воопшто не е спомнато тука. Станува збор за друго лице. Ова е намерно од помалите партии кои во недостиг на идеи и програми за да бидат конкурентни, мислат дека со клевети можат да го урнат нашиот кредибилитет, а тоа што е уште полошо е што го уриваат кредибилитетот на европскиот процес, во критична фаза“, изјави Бујар Османи.
Шеќерим Ахмети познат под прекарот Ел Чека секој ден објавува аудио снимки во кои се слушаат гласови на високи функционери на ДУИ. Фљакрон Беџети од Алијанса за Албанците рече дека премиерот Заев ги поштедува функционерите на ДУИ од кривично гонење. Тој додава дека нема датум за преговори со ЕУ ниту интеграција во ЕУ бидејќи оваа влада ги амнестира криминалците.
„Од овие прислушувања се дознава дека имало полнење на гласачки кутии за ДУИ, направен е криминал во гласањето. Многу други кодирани разговори даваат индикации за прашања кои се појавуваат како енигматски. Да не зборуваме за навредите и пцостите кон докажани личности од разни сфери од електоратот, од кои со години добиваа гласови. Сето ова е показател и доказ дека функционери на ДУИ го прекршиле законот а обвинителството не отворило истрага. Апелираме до оваа институција да постапи веднаш и да преземе мерки“, изјави Фљакрон Беџети од Алијанса за Албанците.
Освен бомбите објавени од Ел Чека, пред еден ден на социјалните мрежи се појави друга аудио снимка на која се слуша градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш како малтретира вработен во Општината. Во врска со ова реагираше самиот Дудуш кој за еден медиум на македонски јазик рече дека станува збор за монтирана аудио снимка. Тој го обвини новинарот кој ја објавил аудио снимката. Дудуш вели дека со објавената аудио снимка која е монтирана, новинарот не може да напредува професионално.
Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ повика, пуленот на Заев , Курто ДУдуш да си поднесе неотповиклива оставка, а надлежните органи веднаш да го истражат и процесуираат случајот за насилство.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ
The post Османи в понеделник ќе ја тужи Алијансата – „Не сум спомнат во бомбите, друго лице е“ appeared first on ТВ21.