Македонија

Османи за новиот шеф на ОЈО-ГОКК: Спорна ми е дебатата, кој сме ние да им кажеме на фелата кого избрале за прв меѓу нив…

Османи за новиот шеф на ОЈО-ГОКК: Спорна ми е дебатата, кој сме ние да им кажеме на фелата кого избрале за прв меѓу нив…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и за изборот на новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Османи вели дека кога го разговарале законот за тоа како да најдат начин, со поддршка на ЕУ, за да нема никакво влијание.

„Ако го бира Парламентот, ќе има политичко влијание. Ако го бира обвинителскиот совет, ќе има политичко влијание… Како да направиме тотално да се прекинат конците, ајде сами да си изберат… И тоа се направи“, вели Османи.

Според него, спорна е дебатата за овој избор.

„За мене од перспектива на опсерватор ми е спорно, знаете како е тоа… Како да им кажете на хирурзите, јас сум хирург па можам да коментирам, изберете го најдобриот меѓу вас и они ќе изберат еден, и сега ние (новинарите и политичарите) „аха, зошто тој го избравте, тој не е добар“. Кој сме ние да им кажеме на фелата кого избрале за прв меѓу нив… Така да, во тој аспект мене ми е спорна оваа дебата по однос на изборот“, додава Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни