Осомничениот за пукањето во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, за време на одржувањето на свечената вечера на Здружението на дописниците од Белата куќа на која присуствувал американскиот претседател Доналд Трамп, наводно признал пред властите дека негови цели биле функционери од администрацијата на Трамп, соопштуваат извори запознаени со истрагата.
Кол Томас Ален (31), кој е осомничен за пукањето во лобито на хотелот, на безбедносниот контролен пункт на настанот на кој присуствувал Трамп, по апсењето изјавил дека сакал да пука во службеници од администрацијата на Трамп, изјавиле два извори за ЦБС Њус.
Тој, според истите извори, не изјавил конкретно дека цел му бил самиот Трамп, туку само „функционери од администрацијата“.
Трамп, заедно со останатите присутни на вечерата на Здружението на дописниците од Белата куќа, во текот на ноќта бил евакуиран од хотелот Вашингтон Хилтон, откако вооружен маж отворил оган на контролен пункт во лобито на истиот хотел, каде во 1981 година Џон Хинкли се обидел да изврши атентат врз тогашниот претседател Роналд Реган.
