Останала во шок кога видела како нејзиниот партнер пере алишта: Кој е тука во право?

Една жена неодамна на Mumsnet анонимно ја сподели својата дилема за „вистинскиот начин на перење алишта“ и рече дека нејзиниот партнер ги пере алиштата на сосема поинаков начин од тој, па затоа ги прашала другите корисници кој според нив е точен.

– Кој е неразумен, јас или мојот партнер? Кога ги ставам алиштата во машината за перење, прво го проверувам секое парче и грубо се сеќавам што сум ставила во машината за перење, во случај некој да ме праша, на пример: „Каде ми се црните чорапи?“… – објасни таа.

Се вчитува...

Рекла и дека нејзиниот партнер си ја олеснил работата така што само ги поделил алиштата на бели и шарени, а потоа наеднаш го турнал избраниот куп во машината за перење, наместо да ги става „парче по парче“.

„Мисли дека има смисла, но ако го прашам, на пример, дали моите црни чорапи се внатре?“, нема да знае, се разбира“.

Спротивно на нејзините очекувања, другите мајки главно застанаа на негова страна, најчесто коментирајќи дека „немаат време да го прегледаат секое парче и да се сеќаваат што точно ставиле на перење“; единствено важно, велат, е алиштата да се стават во машина за перење, без разлика дали се црни или обоени.

– Навистина немам време да се замарам со чија маица е во машината… Како и да е, перењето завршува за саат време, па кој му е гајле нека погледне. Не гледам смисла да го прегледам секое парче пред перење, ако алиштата веќе се сортирани по боја – одговорила една жена во коментар, а пренесува Mirror.