Македонија

Остри пред изборите за да добијат гласови, сите партии по изборите објавуваат победа, но ниту една не и честита на другата

Сите политички партии по изборите објавуваат победа, но ниту една не и честита на другата. Зошто политичките партии немаат политичка култура за да го прифатат поразот и да му честитаат на опонентот за победата? Политичкиот аналитичар, Нијази Мемеди, вели дека политичките партии навечер соработуваат а преку ден не се поздравуваат.

„Тие прават манипулации пред јавноста, но тие иако не честитаат меѓу себе, тие сепак ноќе соработуваа а преку ден не се поздравуваат“, вели Нијази Мухамеди – политички аналитичар.

Петар Арсовски, вели дека политичките партии не ги учат лекциите од претходните избори и тешко им е да се реформираат.

„Една од главните причини затоа што малку потешко се реформираат и ги учат лекциите од парламентарните избори. Има еден отпор за промена кај сите партии и тоа е причината за не признавање на пораз и честитање“, смета Петар Арсовски – политички аналитичар.

Политичките партии пред изборите даваат изјави дека нема да влезат во коалиција доколку не бидат прифатени нивните барања, а по изборите го омекнуваат  нивниот тон, со тоа што тврдат дека ќе најдат заеднички јазик. Мухамеди вели дека тоа го прават со цел да добијат што повеќе гласови. 

„За да се постигне поголема мобилизација на електоратот, партиите со нивните стратегии им дават ветувања на граѓаните дека ќе биде поинаку  додека го земаат нивниот глас, потоа сите влегуваат во електорално диско“, додава Мухамеди.

Арсовски вели дека партиите пред изборите се поостри за да земаат што е можно повеќе гласови со цел да не бидат условувани од другите партии.

Веќе тече периодот за разговори за формирање на парламентарното мнозинство и формирање на нова Влада. Откако ќе истечат законските рокови кои ги предвидува Изборниот Законик, претседателот на земјата, Стево Пендаровски, ќе му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на парламентарното мнозинство и Владата. Доколку Заев не успее да обезбеди  61 пратеник  во рок од 20 дена, тогаш мандатот преминува кај втората партија, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни