Затвореник објавувал клипови на платформата Тик Ток, но затворскиот персонал конечно ги отстрани.
Затвореникот сега е префрлен во затвор со висок степен на обезбедување, откако кај него биле пронајдени 17 мобилни телефони и 13 сим-картички.
Тој бил во затворот Далтон Креспо во Рио де Жанеиро, Бразил, каде споделувал снимки од неговата дневна рутина, вклучително и правење тост-сендвич.
На конкретната снимка тој напиша: „Добро утро на сите, Боже чувај ни го денот од злото“
Откако ги открија клиповите на Тик Ток, полицајците наредија претрес на ќелијата на затвореникот каде што пронајдоа 17 мобилни телефони, 13 SIM картички и мала количина на дрога.
На една од најпопуларните снимки на затвореникот, која има над 131.000 прегледи, се гледа како тој прави сендвич на рингла, а на профилот кој имал 4.202 следбеници и повеќе од 14.000 лајкови, се гледаат и снимки од затвореници како играат фудбал, чистат внатре во просториите, а биле покажани и некои од шверцуваните предмети.По откривањето на злосторството, затвореникот бил префрлен во високобезбедносниот затвор Лаерсио да Коста Пелегрино.
