ОСУМ лица загинаа, а едно дете е повредено кога куќа се урна по земјотресот во Кабул, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи на Авганистан. Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди регионот Хиндукуш во Авганистан, соопшти во петокот Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).
Силни потреси беа почувствувани во пакистанскиот главен град Исламабад, авганистанскиот главен град Кабул и индискиот главен град Њу Делхи, според очевидци, објави Ројтерс. Земјотресот бил на длабочина од 177 километри, соопшти GFZ.