Македонија

Откако им биле одбиени барањата за реорганизација – хирурзите од ГОБ „8-ми септември“ излегуваат на протест

Откако им биле одбиени барањата за реорганизација, хирурзите од градската општа болница 8-ми септември од понеделник излегуаат на протест и ќе прекинат да прават интервенции.

Две години откако болницата е главен ковид-центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, вработените во хируршките одделенија со писмо до Директорот, Костов, здравствените институции и владата. Бараат зголемување на капацитетите за хируршки интервенции бидејќи сега работат само две од постоечките шест хируршки сали.

Нивните барања за реоганизација биле одбиени па како што велат поради сериозноста на ситуацијата и како предупредување во понеделник ќе запрат со хируршки интервенции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни