Откако ќе ја исперете облека веднаш ја затворате вратата? – Еве зошто е тоа лошо

Домаќинките обично откако ќе заврши машината со перење веднаш ги вадат алиштата, а потоа вратата од неа ја затвораат.

Да, тоа е ситница, но правите голема грешка.

Имено, кога машината не работи, вратата треба да остане отворена.

Еве зошто:

Доколку ја затворите вратата на барабанот веднаш откако ќе заврши со перење, внатре оставате влажен воздух, односно влага, која може да создаде мувла во машината и да ги шири бактериите на облеката при наредното перење.

Оставајќи ја вратата отворена на машината за перење и даваме шанса да „дише“ свеж воздух, и ги намалуваме шансите да се загади одвнатре.