Откажана конференцијата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху

Белата куќа ја откажа заедничката прес-конференција закажана за попладнево меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. – Предвидената прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп е откажана, објави претставник на Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен. Нетанјаху денеска се сретна со Трамп во Белата куќа, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопштија од кабинетот на Нетанјаху. Најавено е дека двајцата лидери ќе разговараат и за заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија и напорите за одвраќање на Иран.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното