Симптомите на стрес се многубројни и непријатни. Главоболката, дигестивните проблеми, несоницата и нервозата се само дел од симптомите кои можете да ги решите за само неколку минути, доколку знаете точно каде да притиснете.
Овој кинески метод на лечење е познат како акупресура и со негова помош можеме да ги откриеме сите точки со чија стимулација телото може да почне да се опушта и да се ослободува од стресот. Една од овие точки се нарекува шен мен, што во слободен превод значи „рајска врата“. Притискањето на оваа точка го намалува стресот, ја зголемува енергијата и го зајакнува имунитетот, а со тоа и ја намалува болката. Точката се наоѓа во внатрешниот дел на горниот дел од увото и со нејзино нежно триење таа може да се активира.

Упатства за примена на оваа масажа:
- Со помош на чепкалка за уши притиснете на точката и нежно масирајте ја.
- Дишете полека и длабоко и слушајте го внимателно секое вдишување и издишување.
- Додека вдишувате гледајте кон лево, а додека издишувате кон десно, без притоа да ја поместите главата.
- Ќе почнете да забележувате како постепено вашето тело се опушта, а симптомите на стрес се намалуваат…
Дополнителни совети:
- Точката на увото можете да ја масирате и со врвот на вашите прсти.
- Масирајте ја точката секој пат кога ќе почувствувате дека сте под голем стрес.
- Оваа постапка можете да ја повторувате секоја вечер, пред спиење.