Отровните гасови се најголемата закана од вулканот во Исланд. Во понеделникот започна активна ерупција во југозападниот дел на земјата. Лавата не му се заканува на населението, но испуштените отровни гасови би можеле да стигнат дури и до главниот град Рејкјавик, велат експертите.
Репортерите на терен известуваат дека силна миризба се чувствува со километри подалеку од пукнатините на земјата. Најблискиот град до ерупцијата е Гриндавик.
Околу 4.000 луѓе беа евакуирани од таму веќе пред неколку недели. Главниот град е на околу 40 километри од вулканот. А научниците велат дека феноменот е нетипичен.