Отстапка за авионот со македонските фудбалери ќе направат утре конролирите на летање кои ќе штрајкуваат

Натпреварот Македонија-Украина се доведуваше под знак прашалник поради најавата за штрајк на контролорите на летање кои управуваат со скопскиот и охридскиот аеродром.

Македонската фудбалска репрезентација утре во 16 часот со чартер лет треба да отпатува во Прага каде ќе се соочи со репрезентација на Украина.

Според извори на 4NEWS.mk авионот со македонските фудбалери, новинари и стручен тим ќе биде пропушен од страна на контролирите на летање бидејќи станува збор за државен интерес. Ова го потврди за нашата редакција и претседателот на синдикатот.

Фудбалските репрезентативци на Македонија ги очекува натпревар со Украина во рамките на квалификациите за Европското првенство. Атмосферата во тимот е на завидно ниво по септемвриските резултати, особено ремито против Италија.

Дуелот со Украинците на „Епет Арена“ ќе биде доста важен, а се игра в сабота од 15:00 часот.

Инаку утре шест часа од 11 до 17 часот нема да има полетувања и слетувања од скопскиот аеродром.