Отворен рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025

Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека рокот за аплицирање за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари 2025 година.

Студентите кои ги исполнуваат критериумите, но досега не аплицирале, можат да поднесат електронска апликација преку порталот: e-uslugi.mon.gov.mk.

Во објавата на МОН се наведени сите услови и критериуми за стекнување со ова право, а за дополнителна поддршка при процесот на аплицирање, студентите можат да се обратат на [email protected].

Дополнително, студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк и сметаат дека повторно ги исполнуваат условите, како и оние кои не аплицирале во претходните рокови, можат да поднесат нова апликација во истиот период.

Важно известување за плаќањето со субвенционирани средства

Поради законската регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да внесат ПИН код за успешно реализирање на трансакциите.

Шпаркасе банка објави две важни известувања во врска со оваа промена и поддршката за студентите:
Известување за употреба на ПИН при плаќања
Известување за корисници на субвенциониран оброк

Од МОН појаснуваат дека доколку студентите го знаат или го чуваат својот ПИН код, нема потреба од негова реактивизација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното