Плашејќи се дека тоа ќе ја загрози линијата на наследство, британската кралица Елизабета Втора постојано бараше од принцот Вилијам да престане да лета сам со хеликоптерот, особено во лоши временски услови.
Неформалните правила обично ги спречуваат членовите на кралското семејство од повисоко ниво да летаат заедно, но прописите беа олабавени со доаѓањето на децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон за да му се овозможи на младото семејство да поминува повеќе време заедно.
Имено, војводата и војвотката од Кембриџ со децата, принцезата Шарлот (6) и принцовите Џорџ (8) и Луис (3) редовно летаат со хеликоптер од палатата Кенсингтон во Лондон до неговиот дом Анмер Хол во Норфолк, каде што го поминуваат својот одмор далеку од очите на јавноста. Овој таен дом на кралската двојка е оддалечен околу 300 километри од палатата.
Принцот Вилијам е втор по редот за тронот, зад таткото Чарлс, додека неговиот син Џорџ е трет во редот за наследство.
Како што дознава The Sun од извор близок до кралицата, Елизабета Втора им рекла на блиски пријатели и дворјани дека би сакала Вилијам да престане да лета со хеликоптери сам, особено во лоши временски услови, бидејќи транспортот со хеликоптери не е најбезбеден.
„Кралицата не може да спие навечер поради тоа и е многу загрижена. Таа знае дека нејзиниот внук е способен пилот, но мисли дека не вреди ризикот петмина од нив да летаат со хеликоптер. Замислете што ќе се случи во случај на несреќа – тоа ќе биде уставна криза“, вели изворот, додавајќи дека кралицата му кажала на Вилијам колку е загрижена, нагласувајќи дека колку и да е добар пилот, лошо време и несреќа може да се случат насекаде.
