Можете ли да замислите дека во САД постои град кој гори 60 години и ќе продолжи да гори уште 250?
Тоа е мал град сместен во срцето на Пенсилванија и прошаран со бројни рудници за јаглен.
Секоја година пред Денот на сеќавањето, градот го горел целото ѓубре на депонијата, но во 1962 година се случил инцидент и пожарот се проширил во блискиот рудник.
Обидите за гаснење на огнот биле неуспешни и тој се раширил во огромната мрежа на подземни јагленови рудници.
Пожарот се проширил на длабочина од 90 метри и на површина од 1.600 хектари, каде што пламените избувнувале од земјата, ослободувајќи отровни гасови, а куќите почнале да пропаѓаат во земја.
Американскиот Конгрес во 1984 година издвоил повеќе од 42 милиони долари за преселување на жителите и поголемиот дел од луѓето ги напуштиле своите домови.
Денес Централија е град на духови. Од 2002 година поштенскиот број е отстранет, а автопатот 61, кој минувал низ него, е блокиран и прекриен со тони земја за да се спречи привлекување на туристи.
Според проценките, пожарот таму ќе гори најмалку уште 250 години.
Читај и ова:
- 1.Се трага по 4 маскирани мажи кои ограбија златара во Гостивар
- 2.СДСМ: За нарко скандалот со директорот на Клиниката бараме кривична одговорност и истрага за неговата работа
- 3.Го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание
- 4.Полициски службеници пронајдоа автомобил баран од Интерпол на паркинг во Загреб
- 5.ВИДЕО Обид за киднапирање на девојче во Косово: Пијани мажи ја терале да влезе во нивниот автомобил