Избегнувањето на овошје и зеленчук кои биле третирани со најмногу пестициди е важен чекор кон поздрав живот, а јагодите и спанаќот содржат најмногу токсини.
Овошјето и зеленчукот се клучни компоненти на здравата исхрана, но исто толку е важно да се безбедни за јадење – што значи дека се без нечистотија и пестициди.
Секоја година од 2004 година, Environmental Working Group (EVG), непрофитна организација која има за цел да ја направи животната средина поздрава, ги рангира неорганските производи со најмногу пестициди, кои ги нарекува „Валкани 12“.
„Оваа година, беше откриено дека 75 отсто од сите земени конвенционални свежи производи содржат потенцијално штетни остатоци од пестициди“, рече ЕВГ. „Но, за оние кои влегоа во Валкани 12, огромни 95 проценти од примероците содржеа пестициди“, известува CNBC.
Јагодите и спанаќот повторно ги зазедоа првите две места на овогодинешната листа. Посебно внимание треба да се посвети и на „големиот скок“ на грозјето.
„Некои пестициди се поврзани во човечките студии со проблеми вклучувајќи спонтани абортуси, вродени дефекти и пречки во учењето или развојот кај децата“, според Центрите за контрола и превенција на болести.
Затоа, обрнете внимание на комплетната листа на овошје и зеленчук со најголеми количини на пестициди:
Јагоди
Спанаќ
Кељ
Грозје
Праски
Круши
Нектарини
Јаболка
Бабура и лута пиперка
Цреши
Боровинки
Боранија