Свет

Ова е најпознатото лице на војната во Украина

Ова е најпознатото лице на војната во Украина

Војната во Украина. Прв ден. Едно лице на серија фотографии. Личност која никогаш нема да ја заборавите. Пар длабоко сини очи што зафатија милиони гледачи и читатели ширум светот. Жена чии очи врескаат без зборови. Сите се прашуваат која е таа?

Жената на фотографијата, која го означи почетокот на војната во Украина, се вика Олена Курило – директорка и професорка во средно училиште во 30.000-члениот град Чугуев, регионот Харков. Нејзините фотографии со нејзината крвава и преврзана глава ја направија икона на руската инвазија на 24 февруари.

“Би направила се за мојата земја. Сега сум само среќна што сум жива бидејќи тоа е чудо. Очигледно имам ангел чувар”, рекла Олена, чиј дом е целосно уништен од ракета. Никој не може да поверува дека во таков разорен напад, кој ја уништи речиси целата зграда, жената се спасила неповредена. Меѓутоа, нејзиниот стан бил урнат. Без прозорци, без врати. Наставничката од денеска и официјално е бездомник.

„Сите ја знаеме историјата. Како да не верувавме дека може да ни се случи такво нешто“, низ солзи вели г-ѓа Курило, симболот на првиот ден од непријателствата што го потресоа светот.

И иако можеби сè уште не сфатила дека е сè уште жива, нема среќа со младото момче, детето на нејзините соседи, кое загина во бомбардирањето на станбена зграда. Повредени се уште 40 соседи на Олена Курило.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни