Ова е задолжително, но мора да го направите во понеделник! Празнуваме голем светец, а ова мора да го знае секој верник!

Празникот Свети Василиј Острошки се празнува на 12 мај, а годинава се паѓа во понеделник. Верниците го пречекуваат со длабока вера, тишина и надеж, бидејќи се верува дека на тој ден чудата стануваат можни.

Светецот што оди меѓу нас

Роден е како Стојан Јовановиќ во Попово поле кај Требиње, а веќе на 12 години бил испратен во манастирот Завала, каде што бил игумен неговиот вујко Серафим. По завршувањето на манастирското училиште, добива монашки чин и станал парохиски свештеник на Попово Поље.

Служел во многу градови, од Мостар, преку Херцег Нови и Пљевља, Морача, до Огоношт и Бјелопавлиќ. Починал во 1671 година. Неговите мошти почиваат во манастирот Острог, врежан во карпата на црногорските планини, кој и денес собира илјадници верници од целиот свет.

Манастирот Острог не е само место за поклоничко патување, туку и духовна оаза каде што се бара и често се наоѓа исцеление – на телото, духот и срцето. Верниците доаѓаат со молитви, надеж и благодарност, верувајќи дека ниту едно искрено барање не е изгубено пред светителот.

Тајната на белите волнени чорапи

Меѓу народот постои жива легенда дека свети Василиј ноќе станува од својот ковчег и оди по карпите над манастирот. Сведочењето на свештеникот дополнително го зацврстува ова верување – наутро чорапите на стапалата му се скинале, иако навечер биле цели.

Затоа, обичајот налага секој верник што ќе дојде во Острог да носи по еден пар бели, волнени чорапи. Тие заедно со масло, темјан и памук се оставаат покрај ковчегот на светителот да преноќат. Се верува дека предметите што ја минуваат ноќта во присуство на неговите свети мошти добиваат исцелителна моќ.

Како се слави празникот?

Во дух на тишина и духовна концентрација се слави празникот Свети Василиј Острошки. Оброкот може да биде посен или мрсен – во зависност од тоа во кој ден во неделата „паѓа“ празникот. Ако е среда или петок, се претпоставува пост. Во други случаи, дозволена е мрсна храна.

Но, најважно не е што јадете, туку како го поминувате денот, во мир, молитва и благодарност. Се верува дека на 12 мај најбрзо се слушаат молитвите и дека тогаш, повеќе од кога било, се отвораат рајските порти.

Моќна молитва и едно правило

Молитвата кон свети Василиј Острошки е позната по својата моќ. Верниците веруваат дека носи исцеление, утеха и исполнување на желбите. Но, постои едно незаменливо правило – молитвата мора да биде искрена, изговорена од срце, без брзање, без страв, со целосна доверба во помошта на светителот.

На овој празник верниците не се молат само за себе туку и за другите. За мир во семејството, здравје на најблиските, помирување и простување. Зашто, како што вели преданието: Свети Василиј им помага на оние што доаѓаат кај него со чисто срце, со вера поголема од грижите што ги мачат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното