Живот

Ова мора да го видите – никој нема поголема самодоверба од ова дете!

„Јас сум најдобар за себе и заслужувам пофалба, ако другите не сакаат да ми ја дадат, ќе се охрабрам сам“ – ова е накратко ставот на еден првоодделенец, а на нас возрасните ни останува само да се надеваме дека барем дел од неговата самодоверба ќе ни се пренесе.

„Братот не доби „браво“ од учителот, па си напиша самиот. И тетка ми го прашува што направил, тој вели „Па јас сум најдобар за себе, а кога учителката не ме пофали, морав сам“. Искрено, секоја чест“ – напиша сестрата на овој мал гениј со фотографија од неговиот диктат.

Врз основа на не баш совршено направениот диктат, се заклучува дека момчето најверојатно е прво одделение, а има околу седум години.

Детските „бисери“ нè соборуваат од нозе токму затоа што децата немаат намера да бидат комични, додека пак ги прават работите што најмногу не насмејуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни