Понекогаш е потребно долго време за конечно да разбереме што навистина сакаме од љубовта и кои форми на однесување во врската се прифатливи и на што треба веднаш да реагираме.
Еве неколку љубовни лекции кои жените ги учат предоцна.
- Не кажувајте да ако навистина сакате да кажете не
Во љубовните врски често ја правиме истата грешка – се преправаме. Запомнете дека компромисот не е решение ако ве прави несреќни. Не се согласувајте со работи кои ве прават длабоко незадоволни, не се преправајте дека сте среќни ако не сте и не кажувајте „да“ на предлозите што инстинктивно сакате да ги одбиете.
Во секој момент од врската бидете автентични и свои, бидејќи само на тој начин ќе успеете да постигнете вистинска љубовна среќа со партнер кој ќе ја види вашата вистинска личност, а не онаа создадена специјално за него. Кога конечно ќе кажете „не“ на она што ве прави несреќни, вашите вистински желби и потреби излегуваат на површина.
- Вашата љубов не може да промени маж
Додека тој самиот не стане свесен за потребата од промена, нема љубов (колку и да е силна) што ќе го натера да се промени. Промените можеби се условени од надворешни фактори, но тие всушност доаѓаат од внатре.
- Љубомората и посесивноста не се знаци дека ве сака
Многу жени ја доживуваат љубомората и посесивноста како потврда дека мажот навистина се грижи за нив. Мала доза на љубомора е сосема нормална работа во врската. Меѓутоа, кога мажот постојано ве контролира поради вас, сака да го знае секој ваш чекор и потег, ве спречува да комуницирате со другите – тоа е знак дека неговата љубомора не е безопасна и дека не е здрав.
