Здравје

Ова никако не смеете да го јадете доколку постите!

Ова никако не смеете да го јадете доколку постите!

Големиот Велигденски пост започна и повеќето од нас почнаа погрешно. Најлошото нешто што можете да го направите за време на постот е да јадете од пекара. За време на секој пост морате да ги занемарувате пекарските производи, во спротивно ќе го труете телото наместо да го чистите – што е целта на постот.

Ако ги поминувате деновите на брашно, тестенини, масти и шеќери, само ќе се здебелите, наместо да ги изгубите. Иако слабеењето не е суштината на постот, сепак тоа е знак дека правите нешто погрешно.

Постот треба да биде чистење на телото, а со тоа и на душата. Затоа јадете го ова за време на постот:

Предлогот за деновите кога постите со риба е да појадувате пита од хељда со праз и печурки. Јадете мрсна, морска риба за ручек. Со тоа ќе добиете омега 3 масни киселини. Заедно со риба, јадете салата од компири, просо и сл. Јадете свежо овошје за ужина. За вечера јадете мешавина од зеленчук кој е сварен и посолен.

Предлог за денови кога се пости во масло: За појадок јадете домашен леб со намаз од хумус. Може да јадете и таан со чоколадо и мед и домашен леб. За ручек изедете супа од зеленчук кој исто така можете да го испасирате и да направите крем супа. Можете да подготвите и рижото со разни видови зеленчук. За ужина, јадете темно чоколадо, грст ореви. За вечера повторно можете да јадете варен, но и свеж зеленчук. Што се однесува до ручекот, можете да подготвите и чорба. Можете да динстате и печурки со печен компир.

Предлог за денови кога се пости на вода: Јадете што повеќе свеж зеленчук, јадете зелка, моркови, јаболка. Пијте многу вода и дајте му шанса на вашето тело да се исчисти. Можете да јадете што повеќе јаткасти плодови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни