Маж од Флорида, наводно, го удрил и го убил своето осуммесечно дете со својот автомобил, откако го ставил бебето на сред раскрсница на Флорида по расправија со својата девојка, се вели во извештајот на шерифот на Џексонвил.
Мажот продолжил да вози, но полицијата брзо го пронашла и го уапсила.
Брза помош го пренела бебето во болница, каде лекарите констатирале смрт на детето. Сега 20-годишниот Џастин Голден се соочува со обвиненија за тешко убиство од небрежност и убиство со возило, пишува Law&Crime.
Инцидентот се случил во саботата околу 11 часот на аголот од авенијата Ленокс и Мекдаф. Локалната ТВ станица WJXT разговараше со сведок кој ја опиша сцената како хаотична. Маркин Барнс за ТВ станицата изјавил дека бил во својата берберница кога слушнал како жената вреска. Истрчал надвор и наишол на ужасна глетка.
„Детето крвареше“, рече тој. „Веднаш прашавме дали и треба помош. Како татко, рече, му било тешко да го види тоа.
„Молитвите и мислите се со семејството“, рече Барнс. „Тешко е, знаете, справувањето со деца и ситуации како оваа, ова дефинитивно ќе биде трауматично“.
Според WJXT, Голден се скарал со својата партнерка во автомобилот. Во возилото имало и бебе. Во еден момент застанал на една раскрсница, го фрлил бебето, а потоа со автомобилот го прегазил детето.
„Ние заедно со нашите партнери од државното правобранителство ќе направиме се за да обезбедиме правда за бебето“, соопштија од канцеларијата на шерифот.
Голден се наоѓа во затворот во округот Дувал без кауција. Не е јасно дали тој ангажирал адвокат.