Ова се најчитаните вести на 4news.mk – од трагедијата во Кочани до влезот на Бугарија во Шенген

Годината што изминува, 2025-та, беше исполнета со динамични настани, предизвици и моменти кои длабоко ја потресоа македонската и регионалната јавност. Тимот на 4news.mk и оваа година остана посветен на својата мисија – брзо, точно и објективно информирање од теренот.

Врз основа на официјалната статистика на нашиот портал, ова се темите и настаните кои предизвикаа најголем интерес кај читателите во текот на изминатите 12 месеци.

Се вчитува...

1. Трагедијата во „Пулс“ Кочани – Настанот што ја зави Македонија во црно

Убедливо најчитаната вест, која за жал ја одбележа 2025 година, беше трагедијата во објектот „Пулс“ во Кочани. Јавноста со неверување ги следеше информациите за несреќата.

Екипата на 4news.mk покажа висока професионалност и беше меѓу првите медиумски екипи што пристигнаа на местото на несреќата. Уште во раните утрински часови, нешто после 06:00 часот, нашите новинари започнаа со известување во живо, пренесувајќи ја атмосферата и првичните информации директно од теренот, што резултираше со рекордна посетеност на порталот.

2. Институционална реакција: Одземање на лиценци

Како директна последица на трагедијата, огромен интерес предизвикаа и вестите поврзани со одлуките на надлежните органи. Втората најчитана тема беше одлуката на Владата за ригорозни контроли и одземање на лиценците на правни лица и објекти кои не ги исполнуваа безбедносните услови, што покажа дека јавноста бара одговорност и системски промени.

3. Временска прогноза и предупредувања за невреме

Климатските промени и наглите временски осцилации го ставија времето високо на листата на приоритети на нашите читатели. На трето место се најдоа вестите поврзани со раните предупредувања за невреме.

Оваа година, 4news.mk направи чекор напред во сервисот кон граѓаните и лансираше своја специјализирана страница за временска прогноза. Читателите редовно ги следеа неделните и 15-дневните прогнози достапни на https://4news.mk/prognoza/, кои станаа релевантен извор на информации за планирање на секојдневието.

4. Авијација и безбедност на храна

Годинава забележавме и голем интерес за вестите од авијацијата, сектор кој го следиме со особено внимание. Читателите масовно кликаа на веста за новото авио-поврзување на Охрид со Истанбул, а посебен интерес предизвика информацијата за цената на авиобилетите за оваа релација.

Паралелно, во категоријата потрошувачки вести, предупредувањето за повлекување на одреден зачин од пазарот со порака „Не го употребувајте“ беше една од најсподелуваните информации, што говори за грижата на граѓаните за безбедноста на храната.

Останати топ теми кои ја одбележаа 2025:

Листата на 10 најчитани вести ја заокружуваат настани кои предизвикаа страв, интерес за промени или надеж:

  • Безбедносни закани: Серијата евакуации во трговските центри Diamond Mall и East Gate Mall ја вознемирија јавноста и беа високо на листата на читаност.
  • Дијаспора: Веста за законските промени кои стапија на сила во Германија и кои ги засегаат сите жители, вклучително и нашите иселеници, предизвика огромно внимание.
  • Природни непогоди: Земјотресите регистрирани на територијата на Македонија секогаш предизвикуваат итна реакција кај читателите.
  • Црна хроника: Потресната изјава на мајката на загинат 25-годишник во Чаир: „Ако нема правда, јас ќе ја земам во свои раце“, предизвика лавина емоции и коментари.
  • Економија: Влезот на трговскиот гигант „Лидл“ со првата подружница во Битола и именувањето на директорот беше топ економска вест.
  • Регион: Историскиот момент за соседна Бугарија – влезот во Шенген зоната, кревањето на рамите на граничните пунктови и заминувањето на вработените од границите, беше настанот што ја затвори листата на најчитани вести.

Тимот на 4news.mk ви благодари на довербата во 2025 година. Продолжуваме и во следната година – секогаш први, секогаш на местото на настанот!