Ова се најчудните комплименти што некој може да ги добие – многумина не знаат ни што да одговорат

Корисник на Редит ги праша луѓето на таа социјална мрежа кој е најчудниот комплимент што го добиле, а одговорите беа најразлични.

Ова се само некои од нив:

„Еднаш Шпанка дојде во ресторанот каде што работи. Ме праша дали може да ме благослови за ништо да не ми се случи, бидејќи ги имам најубавите очи што некогаш ги видела“.

„Една дама во трговскиот центар ми рече дека имам навистина голема, светла аура. Ја погледнав збунето, а таа само ми рече дека ми посакува убав ден и продолжи да оди“

„Мојата сопруга ми рече дека имам убаво обликуван череп“.

„Поранешната девојка ми рече дека би сакала да ме удри автомобил за да може да ми ја погали косата додека умирам“.

„Доцнев на училиште и одлучив да не се туширам со цел да влезам во автобус на време. Кога пристигнав, се поздравив со девојка која едвај ја познавав. Таа дојде до мене, ме мирисна и рече: Мирисаш многу добро. Да, тоа беше страшен почеток на денот“.

„Еден постар морнар еднаш ми рече дека обликот на мојата горна усна е многу убав. Многу специфично и многу чудно“.

„Бев на забава во базен. Видов две девојки како зборуваат за мене, па им пријдов. Ми рекоа дека само сакаат да ми кажат дека имам убави брадавици. За жал, не добив број на мобилен“.

Кога имав 17 години, една жена ми рече: „Ти си толку висока и слаба, ќе изгледаш одлично како бремена жена“.

„Работев во самопослуга. Ми пријде една жена и ми рече: Извинете, дали некогаш сте размислувале да станете танчер? Барам згодни, машки танчери за да одат на вечери на девојки и роденденски забави за да ги забавуваат жените. Ја погледнав и реков дека некој веројатно ќе ми ја затвори вратата пред носот ако се појавам кај нечија куќа. Дамата само си замина“.