Ова се најпопуларните имиња за кучиња во светот

Без разлика дали планирате да земете куче или само размислувате како да го именувате вашето ново милениче, списокот со најпопуларните имиња на кучиња во светот може да биде добра инспирација за вас. И ако веќе го имате ова домашно милениче, можеби се прашувате дали неговото име е на листата на најпопуларни.

Сопствениците на кучиња добиваат инспирација за името на нивното милениче од различни места, од нивните омилени телевизиски, филмски и музички ѕвезди и ликови до класични имиња како Макс, Кинг, Рики, Мејз и Луна. Во последните години се повеќе кучиња носат човечки имиња како Јана, Маша и Нино, а сопствениците постојано смислуваат нови, интересни и необични имиња за своите миленици, пишува zadovoljna.hr.

Сепак, класичните имиња на кучиња сè уште се најпопуларни и ви пренесуваме листа на 20 најпопуларни имиња за машки и женски кучиња кои никогаш нема да излезат од мода.

Десет најпопуларни имиња за женски кучиња:

  1. Бела
  2. Луси
  3. Моли
  4. Меги
  5. Клои
  6. Лола
  7. Зои
  8. Лили
  9. Ема
  10. Руби

Десет најпопуларни имиња за машки кучиња:

  1. Макс
  2. Чарли
  3. Buddy (другар)
  4. Роки
  5. Џек
  6. Тоби
  7. Коди
  8. Lucky (среќа)
  9. Оскар
  10. Теди