Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери на денешната прес конференција посочи дека во моментов во Скопје се 659 активни случаи.
Тој ги соопшти и општините каде има активни случаи:
Чаир – 169
Бутел – 63
Гази Баба – 61
Аеродром – 57
Сарај – 56
Карпош – 45
Кисела Вода – 35
Арачиново – 23
Студеничани – 19
Илинден – 18
Ѓорче Петров – 20
Шуто Оризари – 17
Петровец – 6
Чучер Сандево – 3
Сопиште – 2
Во општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран.
Од вкупната бројка на заболени во Скопје, како што рече Зибери, се регистрирани 1.332 случаи и 40 починати.
-Од сите активни случаи на територија на Скопје, многу важно е да се напомене дека 60 отсто од заболените, односно 360 лица се асимптоматски носители на вирусот, рече Зибери.
Додаде дека прават скрининг во градинки и домови за стари лица, каде што биле регистрирани неколку случаи.
Зибери апелираше да се почитуваат мерките, бидејќи само на тој начин ќе излеземе од оваа ситуација
.