Иако изгледа како класика, а можеби и надминато во некои случаи, новогодишната декорација во црвена боја никогаш нема да излезе од мода. И не треба, еве зошто!
Во сите традиции, црвената боја има моќна симболика која привлекува љубов и поволен почеток, бидејќи ја означува бојата на љубовта и енергијата.
Црвената боја означува сила, решителност, желба и страст. Таа е боја на оган, па сосема е природно што ја симболизира силата во моќта. Многу истражувања покажаа дека црвената боја има корисен ефект врз човечкиот метаболизам, промовира здрав апетит и благотворно влијае на крвниот притисок.
Исто така, црвената боја го поттикнува чувството на топлина, бидејќи природно наликува на оган. Луѓето кои ја сакаат црвената боја се екстровертни, весели и импулсивни, подготвени да покажат и дадат љубов.
Сепак, со црвеното треба да бидете умерени, бидејќи премногу црвено може да поттикне агресија, преголема возбуда и интензивни емоции.
Светло црвената е нешто поумерена варијанта на црвената, кога станува збор за енергијата. Симболизира љубов, страст, радост, чувствителност, романса, женственост и сексуалност.
Од друга страна, темно огнено црвена волја, упорност, стабилност, лидерство, храброст, но може да претставува и гнев, агресија, па затоа треба да бидете умерени со тоа кога е украсувањето во прашање.
Затоа, ако светло црвената боја е доминантна боја во просторот, таа треба да се неутрализира со други помалку огнени бои, како бела или златна, па дури и зелена.
Во секој случај, кога ќе го украсите вашиот животен простор оваа година, не ја испуштајте црвената боја, бидејќи таа никогаш не е и нема да излезе од мода! Се надеваме дека ви дадовме доволно причини за тоа!
Еве неколку идеи во галеријата како да ја украсите вашата елка користејќи црвено на вистински начин:
