Оваа метода на облекување е се популарна – дали сте доволно смели да прошетате во ваков стајлинг?

Метод сендвич….

Да, добро прочитавте, методот што модните експерти го нарекуваат и метод на сендвич станува се попопуларен.

Оваа „техника“ на комбинирање облека гарантира дека секогаш изгледате беспрекорно и совршено стилизирано.

Овој метод вклучува слоевитост, така што горниот дел од гардеробата и чевлите се во ист тон (пр. чизми и сако), додека остатокот од гардеробата ќе го прилагодите само на овие доминантни бои.

Модните експерти велат дека на тој начин ги избегнуваат грешките и дека токму тоа е победничката модна формула. Целиот стајлинг на овој начин изгледа похармонично и луксузно.

Еве како познатите трендсетерки го носат овој водечки тренд на сезоната:

https://www.pinterest.com/pin/10766486593712137/
https://www.pinterest.com/pin/2392606043595878/
https://www.pinterest.com/pin/9359111716647267/