Оваа вила се продава за половина милијарда евра, a еден детаљ ја прави посебна

Во потрага сте за раскошна резиденција во Рим и имате пола милијарда евра вишок кои сакате да ги потрошите? Не морате веќе да барате: На продажба е Вила Аурора, недвижен уметнички скапоцен камен на италијанската престолнина.

Имотот се простира на 2.800 квадратни метри, вклучува и бујна градина, а на еден од таваните се наоѓа единствениот познат мурал насликан од италијанскиот барокен уметник Микеланџело Мериса – Караваџо.

Вилата е единственото нешто што остана од селското одморалиште основано 16. век од кардиналот Франческо Марија дел Монте, а подоцна продадено на сегашните сопственици, благородното семејство Лудовизи. Ќе се најде на аукција на 18 јануари со почетна цена од 471 милион евра. По спорот за наследството којшто трае долго, сопствениците решиле да го продадат, а една од сопствениците на имотот е третата сопруга на поранешниот сопственик, принцот Никола Бонкомпањи Лудовизи. Спорот почнал во 2018 година по смртта на принцот.

Принцезата Рита Бонкомпањи Лудовизи е родена и израсната во Тексас (САД), но живее во вилата во Италија 18 години. Според неа, соосновачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс и емирот на Катар некогаш биле заинтересирани да го купат имотот.

Во 1597 година, кардиналот Дел Монте, дипломат и покровител на уметноста, му нарачал на Караваџо – тогаш во своите дваесетти години, да го наслика таванот на една соба на првиот кат, која ја користел како „алхемиска лабораторија“. Муралот широк 2,75 метри е насликан со масло директно на ѕидот, а ги прикажува боговите Јупитер, Нептун и Плутон и алегорична сцена на претворање на оловото во злато.

Караваџо ги насликал трите бога по сопствен лик. Вредноста на самиот мурал се проценува на 310 милиони евра.

Заштитена со високи ѕидови, вилата се наоѓа во близина на познатата римска улица „Венето“, каде во 1960 година е снимен филмот „Долче вита“ (La Dolce Vita) на Федерико Фелини. Зданието е полно со скулптури, антиквитети и статуи, вклучително и онаа со ликот на Пан, чијашто работа му се припишува на ренесансниот мајстор Микеланџело.

Поврзани вести

Британските медиуми го вброија Бихаќ меѓу најубавите градови во Европа

Британскиот магазин Тајм Аут пред крајот на годината и во пресрет на новата туристичка сезона состави листа на најубави европски градови како препорака за патување во текот на 2022 година, а една...

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија и им беа предадени на семејствата

Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Република Бугарија. Посмртните останки...

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Во седиштето на СДСМ денеска кандидатура за претседател на партијата поднесе Јован Деспотовски. Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе...

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...