Оваа земја ја намали стапката на пушачи од 40 на 8,3%

Нов Зеланд се истакнува како глобален лидер во намалувањето на штетите од тутунот, благодарение на законодавството фокусирано на корисниците и активната поддршка за помалку штетни алтернативи како алатка за откажување од пушење. Спротивно на тоа, Австралија се потпира на рестриктивни политики кои ја ограничуваат достапноста на побезбедни никотински производи, што резултира со стагнација на намалување на пушењето.

Модел од Нов Зеланд

Нов Зеланд забележа импресивен пад на стапките на пушење, од 40 отсто од мажите и 32 отсто од жените во 1976 година на само 8,3 отсто во 2023 година. Паралелно, стапката на употреба на побезбедни алтернативи на никотин се зголеми од 1,4 проценти во 2016 година на 11,9 проценти во 2023 година, што ги прави производите без чад доминантна алтернатива на пушењето. Најважните компоненти на успехот вклучуваат легализација на побезбедни алтернативи на никотин (2018), поддршка од Владата и здравствените организации, како и проактивни иницијативи.

Минатата година властите на Нов Зеланд ги преполовија акцизите за тутунските производи кои работат на принципот на загревање на тутунот. Помошната министерка за здравство на Нов Зеланд, Кејси Костело, која нареди промена, рече дека таа го направила за да ги охрабри луѓето што пушат да се префрлат на помалку штетни алтернативи.

Резултатот од овие мерки е забрзан напредок кон целта за нација без чад 2025 година, која предвидува намалување на распространетоста на пушењето на под 5 проценти до крајот на 2025 година.

Австралиски модел

За разлика од Нов Зеланд, Австралија воведе рестриктивни мерки кои дозволуваат продажба на електронски цигари само во аптеките со рецепт. Токму затоа, покрај веќе постоечкиот црн пазар на тутун, поради екстремно високата цена на цигарите, илегалната трговија со електронски цигари во Австралија стана профитабилен бизнис за организираните криминални групи. Мелбурн бележи зголемување на насилството, со десетици напади на продавници за цигари и вапинг, вклучително и бомбашки напади, палење и вандализам, додека бандите се борат за контрола на црниот пазар. Овој пристап ја ограничува достапноста на помалку штетни алтернативи, го поттикнува развојот на црниот пазар и ја стагнира стапката на пушење. Преваленцијата на пушењето кај луѓето на возраст над 14 години се намали само малку, од 12,8 отсто во 2018 година на 11,8 отсто во 2023 година.

Примерот на Нов Зеланд докажува дека отворениот и ориентиран кон потрошувачите пристап, заедно со јасните пораки од здравствените работници, може да го забрза падот на стапката на пушење. Доколку другите земји со висока стапка на пушење, го следат примерот на земји како Нов Зеланд, тие можат да направат значаен чекор напред во борбата против пушењето.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното