ОВИЕ 5 ВИДОВИ ХРАНА НАЈДОБРО ВЛИЈААТ НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА ЛУЃЕТО: Кој ги јаде, тој е посреќен!

Познато е дека многу луѓе имаат чувство на среќа и задоволство кога ќе помислат на својата омилена храна. Охрабрена од ова, германската компанија за испорака на храна решила да спроведе интересна студија.

Студијата е спроведена во текот на 2020 година на 2158 испитаници, чии емоции кон храната што им била испорачана биле анализирани.

Тие ги следеле нивните реакции пет минути пред испораката на храната и пет минути по јадењето, фокусирајќи се на 11 различни видови на кујна. Овие пет видови храна предизвикуваат најмногу среќа кај луѓето.

  1. Кинеска храна

Истражувањето покажало дека нарачувањето храна од кинески ресторан ги прави луѓето посреќни, дури за 58 отсто. На луѓето навистина им се допаѓа разновидноста на кинеската кујна, поради што сакаат да ја нарачуваат.

  1. Тајландска кујна

Според реакциите на испитаниците, доставата од ресторан со тајландска храна го зголемува чувството на среќа за 64 отсто.

  1. Хамбургери

Хамбургерите се популарни низ целиот свет. Едно германско истражување, пак, наведува дека луѓето се чувствувале дури 70 отсто посреќни откако јаделе ваков вид на храна.

  1. Суши

Иако не секој сака да јаде суши, оние кои сакаат сирова риба се чувствуваат дури 73 отсто посреќни откако ќе го изедат својот оброк, се вели во студијата.

  1. Индиска храна

На врвот на листата е индиската храна, а според ова германско истражување таа ги прави луѓето најсреќни. Според резултатите од студијата, оваа храна го зголемува чувството на среќа за 83 отсто. Здравите состојки кои се користат во оваа кујна го подобруваат расположението, здравјето и меморијата.